На вистинските жени секогаш добриот изглед им е на прво место. Тие сакаат да пленат со својата енергија, облека, фризура и се што гледате на нив. Родени се да привлекуваат внимание, уживаат кога се во ситуација да ја искористат својата магнетска моќ и ништо не може да ги усреќи како љубопитните погледи на луѓето.

Меѓутоа не е лесно да имате убава кожа на ветрот кој ја суши или средена фризура кога е влажно и врне дожд. Сепак, не е ниту невозможно, а она што ви треба за да бидете секогаш убави е да ги следите следните совети за убавина.

Откажете се од тешките креми

Многу жени преку зима преминуваат на потешки препарати, но со оглед на променливото време, предлагаме целосно да се префрлите на лесни хидратантни креми кои ќе ја хидратизираат вашата кожа, нема да ја замрсат.

Набавете пудра во прав

Поради честите промени многу жени се жалат дека кожата побрзо има се замастува. Навистина е незамисливо на работа или во некој тоалет да ја поправате течната пудра, па ви предлагаме да набавите пудра во прав и хартиени марамчиња за впивање на маснотијата која за момент ќе ви го спаси секој проблем.

Дезодорансот нека ви биде секогаш при рака.

Промената на времето и температурата довело до целосна конфузија па жените веќе не знаат што да облечат…еден ден носат дебели зимски чизми, а веќе следниот пат на работа одат во балетанки. Поради неадекватната гардероба, жените често се потат, па секако е добро да набавите дезодоранс со малку подолго делување кој ќе ви обезбеди свежина во текот на целиот ден.

Мини фризерски салон во чантата

Поради влажноста во воздухот фризурата која сте направиле дома за пет минути изгледа непрепознатливо? Во торбичката секогаш имајте мал лак за коса кој ќе ве спаси од неуредната фризура. Но, немојте да го нанесувате директно на косата, туку прснете на дланките, па со нив скротете ја растурената коса.

извор:zenstvena.com