Од утре, 12 мај, ЈП Охридски Комуналец започнува со проширување на мрежата за селекција на отпад со делење на жолти канти за селекција на пластика на домаќинствата кои живеат на улицата „Дејан Војвода”, Охрид.

Од претпријатието информираат дека нивна екипа ќе биде позади Тамаро маркетот од 10.30 часот, а граѓаните треба да носат со себе лична карта со место на живеење на таа улица, или лична карта од сопственикот на живеалиштето.

За подигнување на канта за селекција на пластика ќе потпишете договор со кој се обврзувате кантата да ја користите за конкретната намена. Отпочнувањето на собирањето на селектиран отпад на дадената улица ќе биде дополнително споделен со граѓаните. Засега комуналното претпријатие ќе се фокусира на делење на кантите, а подоцна ќе објави и распоред за собирање, посочуваат.

Воедно, информираат дека тие што нема да можат утре да дојдат да подигнат канти ќе имаат можност во просториите на одделот за механизација секој ден до крајот на неделата до 13.00 часот.

OhridNews