Екипата на Бока Јуниорс следните четири недели не ќе може да смета на Карлос Тевез, кој се повредил играјќи фудбал со затворениците во аргентинскиот затвор.
Тевез слободниот викенд го искористил да го посети својот брат Бето кој одлежува затворска казна. Некои од затворениците кои се рекреирале го замолиле Тевез за една партија фудбал. Членот на Бока во текот на играта го повредил зглобот, деталните прегледи покажаа истегнување на лигаментите, а докторите му предвидуваат четири недели пауза.
Клубот и Тевез пробаа да ја сокријат бизарната повреда, но аргентинските медиуми ја „ископаа“ вистината и ја пренесоа. Братот на Тевез в затвор се наоѓа од 2010 поради вооружен напад на блиндирано возило кое носела огромно количество на пари. Осуден е на 16 години.
OhridNews