Најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден денеска го слават верниците на Римокатоличката црква.

По повод празникот, честитка до христијанските верници кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар, упати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Велигден е еден од најважните денови, симбол на надежта, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските вредности. Во ова време, во кое се соочуваме со бројни искушенија, потребна е сплотеност, меѓусебно почитување и уважување, за да можеме духовно исполнети да се справиме со нив.

Драги верници, празникот минете го во голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите, се вели во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.

OhridNews