Селекцијата на Уругвај триумфираше на „Кина Купот“, откако во финалето со минимални 1-0 ја совлада репрезентацијата на Велс.

Човек на одлука во финалниот натпревар беше фудбалерот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани кој го постигна единствениот погодок. Тој во 49-та минута ја смести топката во празната мрежа после асистанцијата на Родригез и донесе победа вредна трофеј.

Во Купот покрај домашната селекција учествуваше и Чешка која со 4-1 славеше во натпреварот за третото место.

OhridNews