Сите основни и средни училишта од Република Македонија ќе може да се пријават на јавниот повик за избор на модел училишта во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), финансиран од УСАИД и реализиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

На конкурсот кој ќе трае заклучно со 4-ти јуни, училиштата  ќе треба да достават апликација која вклучува: Пополнет Формулар за пријавување за избор на модел училишта; Изјава на директорот за мотивираноста на вработените за учество во проектот како модел училиште; Одлука на Училишниот одбор со која се потврдува пријавата на училиштето; Одлука на Советот на родители за учество во модел училиштата и Писмо за поддршка од општината, пополнето од страна на градоначалникот.

Формуларот за пријавување за избор на модел училишта со попратните документи и информации  може да се најдат на веб страницата на Министерството за образование на Република Македонија.

OhridNews