Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до крајот на јуни до Организацијата за храна и земјодеолство при Обединентите Нации – ФАО ќе го достави предлог проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија. Ова е заклучокот од вчерашниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Роналд Варгас од ФАО, одговорен за реализација на проектот, со чија финансиска поддршка во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет ќе биде изработена педолошката карта на нашата држава.
– Овој проект е од исклучителна важност за нашата држава и затоа Владата на Република Македонија вложи сериозни напори идејата за изработка на педолошка карта да се раелизира. Горд сум што за тоа имаме целосна подршка и од науката, истакнал министерот Димовски на состанокот.
Претставникот на ФАО посочил дека проектот кој го иницира Министреството за земјоделство за изработка на педолошка карта на Македонија е од ислучителна важност бидејќи се однесува на еден од ресурсите како основен извор за обезбедување на храна.
-Барањето кое до ФАО го достави Министреството е потврда дека се грижите за структурата на почвата како основа за проиводство на храна, што е од клучно значење. Радува фактот дека во Македонија сега се реализираат неколку проекти кои се однесуваат на земјиштето. Располагате и со геолошки и топографски информации, информации за вегетацијата и климата и единствено што недостасува се информациите за структурата на почвата. Ова е особено битно за секоја земја заради постоење на претстава за тоа колкави се потенцијалите во земјоделскиот, шумарскиот, сточарскиот и другите сектори, додал Варгас.
Тој истакнал дека со проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија, во соработка со професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Шумарскиот факултет ќе се изготват информации согласно стандардите на Европското биро за педолошка мрежа.