Германскиот тим Кил ќе му биде ривал и последна пречка на Вардар во 1/4 финалето односно за пласман на завршниот турнир во Лигата на Шампиони.
Популарните „зебри“ во осминафиналната фаза го елиминираа составот на Пик Сегед. Германците на гостувањето во Сегед иако претрпеа минимален пораз 28-27 ја задржаа предноста стекната од првиот меч кој го добија со 29-22.
Четвртфиналните мечеви ќе се одиграа во втората половина од овој месец. Кил домаќин ќе биде помеѓу 18-22 април, додека Вардар од 25-29 април.
Пласман помеѓу ТОП 8 екипите исто така обезбеди екипата на Нант во која настапува Кирил Лазаров. Французите успешно го минаа Мешков Брест со вкупен резултат 60-52. Ривал на Нант и Лазаров во 1/4 финалето ќе им биде Скјерн кој изненадувачки го елиминираше Веспрем.
Двојки 1/4 финале:
Кил – Вардар
Нант – Скјерн
Киелце – ПСЖ
Фленсбург – Монпеље
OhridNews