Нови закони по европски стандарди, Е-рецепт, нулта толеранција за фалсификувани лекови, најави министерот за здравство Сашо Клековски, на отворањето на Осмиот конгрес по фармација што деновиве се одржува во Охрид.

Нов Закон за лекови по европски стандарди, а наскоро и нов Закон за медицински средства, најпрвин на јавна расправа, а потоа во процедура. Паралелно се ревидира и Правилникот за позитивната листа. По десет години, нова Листа на есенцијални лекови и нови лекови на Позитивната листа, за подобар пристап до лековите. Е-Рецептот, процес што лично го водам, до крајот на март 2027 г., и амбициозна стратегија за дигитализација. Нулта толеранција за фалсификувани лекови. Секој денар да носи здравје: ревизија на нерационалното препишување и плаќање според реалниот клинички исход на терапијата, посочи Клековски.

Се осврна и на улогата на фармацевтите и аптеките во примарната здравствена заштита, поставувајќи прашање пред колегите зошто аптеката да не биде еден од центрите на примарната здравствена заштита.

Фармацевтот е најдостапниот здравствен работник. Граѓаните влегуваат во аптека почесто отколку кај лекар. Тој потенцијал досега не го користевме доволно. Реформите не се прават од кабинет, рече Клековски.

На Осмиот конгрес по фармација во Охрид учествуваат над 2.500 учесници од 20 земји.

OhridNews