Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, при работната посета на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, најави целосна поддршка за финализирање на долгоочекуваниот нов болнички објект.
Новиот објект на болницата, кој иако е 95% завршен, стои во место уште од 2017 година. Раководството на „Св. Еразмо“ е посветено да се комплетира објектот во оваа година и ќе добие целосната поддршка на Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Ова е одличен пример како со човечки фактор, стручност и посветеност може да се постигнат големи работи дури и во ограничени услови, посочи Клековски.
Со ставањето во функција на новиот објект „Св. Еразмо“ се очекува да го зацврсти својот статус на Регионален центар кој опслужува пациенти од целиот југозападен регион.
При посетата на Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“, Клековски истакнa дека станува збор за втор најважен Kардиолошки центар според број на интервенции во јавното здравство во Македонија, по Клиниката за кардиологија во Скопје.
Стариот објект потекнува од синдикално одмаралиште, што не одговара на модерните болнички стандарди, а опремата е ограничена (на пр. само еден ангиограф). Сепак, благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични резултати! Во последните години има позитивни чекори: набавка на нови апарат, енергетска ефикасност и реконструкција на делови од објектот. Тоа покажува дека со поддршка може да се оди уште подалеку, додава Клековски.
OhridNews
















