Ливерпул стекна голема предност по првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампионите против Манчестер сити. Ливерпул синоќа на „Енфилд“ за 30 минути успеа да постигне три голови и да победи со 3-0.

– Првото полувреме беше брилијантно. Така треба да се игра фудбал. Знаевме какви се квалитетите на Сити, но бевме свесни и за нашите. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп и додаде – Одлично ја браневме нивната пас-игра. Сакав да играме уште фудбал, но не сум лут поради тоа. Изгубивме еден играч (Салах) поради повреда и еден поради жолти картони (Хендресон). Тоа не е добро. Мо рече дека се чувствува добро, но тоа дополнително ќе го провериме.

„Црвените“ имаат изгледни шанси за пласман во ТОП 4, но реваншот на Етихад исто така ќе биде возбудлив, бидејќи „граѓаните“ ќе играат на се или ништо.

OhridNews