Абре алал да му е на порталот. Господ здравје да му дајт на газдата. Ваква вест јас неам прочитано. Дури и јас се потптосрав од радост. Мицкоски на инстаграм постирал дека им го честитат именден на сестри му и татка ми. Па викат тој портал дека имат слики и од неговото семејство. Бооооо храброст на порталот, а уште поголема на Мицкота. Порталот викат дека воодушевувањето било ради шо сопругата носела шик фустан, а задоволството на следбениците било комплетирано з`ш жената му имала преуба фризура.

Не не….ич не ми е криво за ваква препотемнајбомбастична вест. Незнам дали CCN и BBC го објавија ова. Претпостављам дека се боранија медиуми во споредба со овај македонскиов портал. И јас постирам, ама кој ми е крив шо жена ми носит тренерки, не фустан, прајт плетенки наместо гламурозна фризура и немат шо ме објавувет. Та мене та другите. Од една страна денес тате имат именден ама како да објавам ко татко ми мој е со три ноѕе, а немам деца ко Мицкота да им честитвам матури и полуматури з`ш жена ми ми роди стаорци не деца. Не така? Браво за порталот.

А богами браво и за шок Али Амети кој по повод писмото на дел од од пратениците и градоначалници од ДУИ т.н. “огнена група“, објави дека ДУИ ќе опстани и без него и без Беџети и без Џафери. Ам како. Ако си заминат овие не ќе се растурит партијата. Ама пак зато држава ќе се парталосат. Та ќе се растурит. Али за Македoнија ти е Робун Худ. А ние сиромашните. Знајш шо значит растурањето? Пропаст за НСРСМ. Автоматски да снемат над 30 посто администрација. И како без нив. Дури и оние ДУИ-аши шо седат дома, а земет плата ќе бидат клучен фактор за опстојување на НСРСМ. Тогаш од каде државава ќе земат персонален данок и данок на добивка. Како? Ар седи мирен. Кои македонци? Имат такви овде?

И да ти кажам една работа. Не само скокај против лидерите ко еднодневниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов шо напрај фракција за смена на Мицалета. Пак викат ко ќе си поднесел Мицко оставка ВМРО незадржливо ќе се втикачела во партиска демократизација. Море…..дај мучни млаку со тој расолот. З`ш да се си ојт Мицко. Да не случајно седна на брашното со два газа за промена на името?А? Пак дан е крив тој шо Данела му фати директори крадци?А? Или пак Оливер мислит дека Мицко на Течета ќе му седнит в скут за промена на уставот? Как да не? Или пак најсетне да не си го разочара своето членство со постапките? Само траскај зелени. Иди бре бегај. Ам море тој не е Бранко Црвенкоски да е крив за све.

Тука ај да не губиме време земи кредит, жирант нека ти е Таче…..е како з`ш…ти кажав еднуш рече заедно со мене ќе ја врвел кризата. Земи и купи 70 грама кашкавал, 95 грама сирење или пак нек ти дает од трошкине од кантана шо ги фрлет, земи патлиџан и четврт до и пол…..мрдни и јави им се на Таче, Зајко, Буџкота, Зоне маџаркана и сите нареди ги докрај шо беа премиери плус Робин Ахмети.

Ги каниме на гости денес, голем ден е, посебно за нив, Крстовден. Во времето го нашле крстот на Великиот Исус на кој бил распнат. Е зато викни ги да го видат крстот на кој не имет распнато тие и да им се прекрстиме во нив.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.