Лондонскиот Челси со ремито против Вест Хем (1-1) на домашен терен заостана цели десет бодови од Ливерпул и Тотенхем во трката за 4-та позиција на табелата во Премиер лигата која води во Лигата на Шампионите. „Сините“ имаат минимални шанси за освојување на четвртата позиција во финалните шест натпревари во Премиер лигата, а нивниот менаџер Антонио Конте смета дека Лигата на Европа е реалност.

– Клуб каков што е Челси важно е да игра во Европа без разлика на натпреварувањето. Пред почетокот на сезоната очекував дека ќе се бориме и дека ќе биде тешко, но испадна многу потешко и фрустрирачки за нас. Можеби следната сезона ќе имам други прогнози, но едно е јасно посилен се станува после поразите, бидејќи победите се слатки. – изјави Конте.

Иднината на италијанскиот стручњак на Стемфорд Бриџ зависи од исходот на „сините“ во Премиер лигата. Како потенцијални наследници на Конте се споменуваат Масимилијано Алегри и Луис Енрике.

OhridNews