Фудбалерите на Челси во 1/8 финалето ја завршија евро-авантура во Лигата на Шампиони. Неприминлива пречка за англичаните беше Барселона, која двомечот го доби со вкупен резултат 4-1.

„Сините“ во првиот меч во Лондон ремизираа 1-1, а во вториот кој синоќа се одигра на Ноу Камп претрпеа пораз 3-0. Творец на победата за Барселона беше Меси кој постигна два погодоци и асистираше за голот на Осман Дембеле.

– Меси ја направи разликата. Тоа е фудбалер кој секоја сезона постигна околу 60 гола. Станува збор за најдобриот играч на светот. Немавме шанса со нив. Немавме ниту среќа во одредени ситуации кога создадовме можност да погодиме. Четири пати ја погодувавме рамката на голот. – изјави Антонио Конте.

Италијанскиот стручњак и лондонските „сини“ немаат време за плачање, бидејќи ги очекува жестока битка за влез во ТОП 4 во англиската Премиер лига.

OhridNews