На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид приведоа 28, 26, 29 и 28-годишни државјанки на Русија, 31-годишна од Бугарија, 31-годишна од Казахстан и 42-годишна од Србија, информираат од СВР Охрид.
При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 217 од Законот за странци, велат од СВР Охрид.
OhridNews













