Компанијата ICS SISTEMI, задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга, најавува засилени контроли на електричната мрежа во наредниот период.

Секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно закон, со можност за покренување кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија, посочуваат.
Апелираат граѓаните да ги почитуваат прописите и да придонесат кон безбедно и ефикасно функционирање на системот за јавно осветлување.
OhridNews













