Репрезентацијата на Перу и домаќинот Бразил ќе ги одмерат силите во финалето на Копа Америка. Перу во финалето на „кариоките“ им се придружи после сензационалната победа 3-0 против Чиле во полуфиналето.

Големата победа вредна пласман во финалето перуанските репрезентативци ја најавија во првото полуврем во кое постигнаа два погодоци. Во 21-та минута Едисон Флорес го отвори резултатот, а водството го дуплираше Јошимар Јотон седум минути пред крајот на првиот дел.

Во 90-та минута еден од најпознатите фудбалери во составот на Перу, Паоло Гереро погоди за 3-0, а Чиле пропушти прилика да го ублажи поразот откако Едуардо Варгас не реализираше удар од белата точка.

Финалето на Копа Америка се игра в недела во 21 часот, а мечот за третото место ден претходно исто така во 21 часот.

OhridNews