Фудбалерите на Реал Мадрид прокнижија нови три бодови на табелата совладувајќи го составот на Реал Бетис со 5-3 во претпоследниот меч од 24-та рунда во националниот шампионат.
Двете екипи одиграа маестрален натпревар со седум погодоци. Мечот започна со водечки погодок за Реал Мадрид, а продолжи со два голови за Бетис за водство 2-1 на домаќините. Во второто полувреме „кралевите“ за 16 минути постигнаа три погодоци и стигнаа до предност 4-2. Домаќините нападнаа, постигнаа погодок за 4-3 и ги вратија надежите за поволен резултат. Но, во судиското продолжение гостите уште еднаш ја погодија домашната мрежа за конечни 5-3.
Со трите бодови од „Бенито Виламарин“ стадионот Реал Мадрид се зацврсти на четвртата позиција на табелата и продолжи со добрите игри и резултати последниов период.
Резултати: Реал Сосиедад – Леванте 3-0, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао 2-0, Еспањол – Виљареал 1-1, Бетис – Реал Мадрид 2-4.
OhridNews