СВР Охрид поднесе кривична пријава со против 57-годишно лице од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата „Св.Богородица“ носел пушка, преземени се мерки и пријавениот е пронајден во неговиот двор под дејство на алкохол и до него имал пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR за која не поседувал дозвола, информираат од СВР Охрид.
OhridNews













