СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Охрид, сопственост на 43-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
На 04.04.2026 на тројца малолетници им било озовоможено во објектот да консумираат алкохол, без притоа да им биде побаран документ за идентификација, информираат од СВР Охрид.
OhridNews













