Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро од слобода лишија 53, 50 и 21-годишни лица, сите од Република Албанија.
Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов“, по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти и рибарските мрежи со уловот, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на случаите, посочуваат, против овие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик – „незаконит риболов“ и по член 9 од Законот за гранична контрола – „илегално преминување на државната граница.
OhridNews













