Кошаркарскиот клуб Крка од следната сезона ќе учествува во елитната АБА лига, откако триумфираше на завршниот турнир од Втората АБА лига кој се одржа во Чачак.
Во финалниот меч Крка го совлада тимот на Сикст Приморска кој исто така доаѓа од Словенија со 87-73 (31-29, 16-16, 21-9, 19-19).
Победникот и шампионот во премиерното издание на Втората АБА лига се одлучи во третата четвртина која Крка ја доби со високи 21-9. До крајот ја здржа предноста и се врати помеѓу елитата после повеќегодишна пауза.
Македонски преставник во Втората АБА лига беше кошаркарскиот клуб АВ Охрид кој заврши на последната позиција од табелата.
OhridNews