На помалку од три месеци од почетокот на Мундијалот во Русија актуелниот светски првак, Германија покажа одредени слабости на дуелот со Бразил, кој „кариоките“ го добија со мининални 1-0. Многумина ја сметаа Германија како најдобра селекција, а Тони Крос после поразот од Бразил се обиде да го тргне притисокот од „панцирите“.

– На дело се покажа дека не сме толку добри, колку што луѓето не прават или мислат. На бразилците им дозволивме да играат против нас, што не беше случај пред четири години. Имаше неколку фудбалери на теренот кои требаше да го покажат својот потенцијал, но не го направија тоа. Изгубивме премногу топки, направивме технички грешки што не се дозволиви за еден шампион на светот. Имаме многу за поправање до почетокот на Светското првенство. – изјави фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.

Бразил со минималната победа им се реваншираше на некој начин на германците за убедливиот пораз 7-1 во полуфиналето на претходно СП и ја прекина феноменалната серија на „панцирите“ без пораз.

Германија во групата на Мундијалот во Русија се наоѓа со Мексико, Јужна Кореја и Шведска.

OhridNews