Ракометарите на Охрид во рамки на 6-то коло од Плеј-офот утре ја пречекуваат екипата на Бутел.

По натпреварот со Целје, ни следува натпреварот со екипата на Бутел. Немаме многу време за подготовка поради густиот распоред, но, веќе доволно добро ја познаваме екипата на Бутел и со една дисциплинирана игра како во напад така и во одбрана верувам дека ќе успееме да забележиме уште една победа и да продолжиме кон остварување на нашите цели, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.

Натпреварот сe игра утре во салата „Билјанини Извори” со почеток во 18:00 часот.

OhridNews