Англиската фудбалска федерација против екипата на Виган која сензационално го победи (1-0) и елиминираше Манчестер Сити од понатамошните мечеви од ФА Купот ќе покрене истрага и постапка за слаба организација на осминафиналниот дуел во најсторото клупско натпреварување.

После крајот на мечот илјадници навивачи на Виган влегоа на теренот и ја прославија победата и пласманот понатаму со играчите. Неколку навивачи физички го нападнаа напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро, кој пак, врати со иста мера и не се исплаши.

 

Водечката екипа во Премиер лигата веднаш по натпреварот побара одговорност од Виган, бидејќи во таква ситуација не само Агуеро, туку и другите играчи се во опасност.

Страстите на теренот до точка на вриење дојдоа после црвениот картон на Фабијан Делф пред крајот на првиот дел. Менаџерите на двете екипи имаа конверзација на висок тон, а тогаш се уклучија неколку луѓе помеѓу кои беше и Агуеро.

OhridNews