Менаџерот на Брајтон, Крис Хатон се закити со наградата за најдобар менаџер во англиската Премиер лигата за месец февруари.

Изборот за најдобар менаџер во вториот месец од годината донесе еден ретко виден куриозитет во Премиер лигата од нејзиното 25-годишно постење. Имено, 59-годишниот фудбалски стручњак е првиот црномурест менаџер кој се закитил со оваа награда. Претходно биле прогласувани менаџери од секаде и од сите екипи, а немал темна боја на кожата.

Екипата на Брајтон во февруари месец зад своето конто на табелата во Премиер лигата запиша седум бодови во три натпревари. Победи извојува на дуелите со Вест Хем и Свонси, а ремизираше со Стоук во гости.

Наградата за најдобар фудбалер замина во рацете на Мухамед Салах од Ливерпул кој не престанува да ги воодушевува менаџерите, фудбалерите и новинарите кои учествуваат во изборот за најдобрите.

OhridNews