Англискиот премиерлигаш Арсенал со две победи 2-1 и 3-1 успеа да го елиминира Милан во најзвучната пресметка во 1/8 финалето во Лигата на Европа. „Росонерите“ има за што да жалат во двомечот со Арсенал, бидејќи отпаднаа од судиска грешка и киксот на голманот, Џиџи Донарума.
Миланезите во 38-та минута поведоа со голот на Чаланоглу, но нецели пет минути подоцна Велбек одглуми за пенал, кој самиот го реализираше во погодок. Кога гостите од Италија се обидуваа да притиснат, Арсенал со голема помош од Донарума го презеде водството и го реши патникот во ТОП 8. Печат на победата стави Велбек со вториот погодок на мечот.
Резултати: Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1-5 (0-3), Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј 1-2 (1-3), Динамо Киев – Лацио 0-2 (2-2), Викторија Плзен – Спортинг Лисабон 2-1 (0-2), Зенит – Лајпциг 1-1 (1-2), Арсенал – Милан 3-1 (2-0), Лион – ЦСКА Москва 2-3 (1-0), Салзбург – Борусија Дортмунд 0-0 (2-1).
OhridNews