Црвена Ѕвезда во првата фаза од нокаут мечеви ги заврши своите настапи во Лигата на Европа. Неприминлива пречка за белградските „црвено бели“ беше руска ЦСКА Москва која со вкупен резултат (1-0) обезбеди пласман понатаму.

„Армејците“ на ВЕБ арената пред своите гледачи во судиското продолжение од првиот дел искористија мало невнимание на гостинскиот состав и преку Алан Џагоев го отворија резултатот (1-0). Тој резултат остана до крајот на мечот, иако Црвена Ѕвезда во последните десеттина минути не реализираше две колосолани прилики за изедначувачки погодок кој ќе ги одведеше во следната рунда. Пешиќ во 83-та минута промаши зицер позиција од пет метри, а во 90-та очи во очи ситуација во погодок не ја претвори Бен. 

Останатите мечеви од 1/32 финалето во Лигата на Европа се играат утре во два термини 19 и 21:05 часот.

ОhridNews