Паркинг Горица 3

Од 14.08.2020 - 21:00 до 16.08.2020 - 23:00

„Drive-in“ –  Летно кино за првпат во Охрид ќе се одржува 3 дена по ред. Предвидена е проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили со вкусни пуканки.

Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- Немо, од 14 до 16 август.

Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има „Pre-movie Warm Up“ со млади ди-џеи и изненадувања.

Картите, коио се во ограничен број,  за една вечер чинат 400 денари од автомобил со двајца (согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19). Картите можат да се набават online на следниот линк, или на сите продажни места на „Купи карти за се“, во Охрид во Туристичка Агенција „ВИС ПОЈ“ на „Македонски Просветители”, наспроти Основен Суд – Охрид и ТА „Атлантис“ Охрид на бул. „Туристичка“.

Распоредот на филмовите:
• 14.08. (петок)- „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер)
• 15.08. (сабота)- „Панкот не е мртов“
• 16.08. (недела)- „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек)

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ И ПРАВИЛА:
– Носете заштитна опрема (маска, ракавици..)
– Следете ги и почитувајте ги инструкциите на редарите
– Паркирајте се на означените места, осигурајте го возилото и исклучете ги светлата
– Не излегувајте од автомобилот беспотребно!

– Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте

Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот „ИНЕКС Олгица“ 2 (од кај кружниот тек) кон паркингот Горица 3.

OhridNews