Иницијатива за изградба на спомен-обележје на истакната охридска и македонска спортистка Атина Бојаџи поднесе Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид до Советот на Општина Охрид.

Посочуваат дека истата ја поднесуваат поради сите нејзини успеси во пливањето, со кои, потенцираат, доволно не’ задолжила како охриѓани нејзините пливачки постигања да ги овековечиме со спомен – обележје.

Атина Бојаџи е македонска маратонска во пливање. На единаесет години успеала да ги собори сите рекорди во пливање. Била светски првак во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон во 1962 година. Вкупно 2 пати била светски првак на слатки води. На исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од дваесет и тројца натпреварувачи, заедно со уште еден пливач, единствена успеала да стигна до целта.  Во 1962 година како пливачка на маратонот Капри – Неапол, станала светски првак на солени води. Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на каналот Ламанш во 1969 година, додаваат од Левица Охрид.

OhridNews