На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишно лице од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во 55-годишен пешак од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта. И кај пешакот е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

Посочуваат дека извршен бил убид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews