„Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски“, охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година, сабота, во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.

Манифестацијата е дел од Програмата за култура на општина Охрид, а во нејзин склоп ќе бидат прогласени победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.

Со овој настан достојно ќе му оддадеме почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности во општественото живеење, а посебно во книжевноста за деца во Охрид, Македонија и во меѓународни рамки, велат од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид.

Настанот е организиран со поддршка од Општина Охрид.

OhridNews