„Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски“, охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година, сабота, во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.

Со овој настан достојно ќе му оддадеме почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности во општественото живеење, а посебно во книжевноста за деца во Охрид, Македонија и во меѓународни рамки, велат од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид.

OhridNews












