Традиционално и оваа година на 7 мај, во градот на поезијата, во Струга ќе се одржи сенародната Струшка Еордија (Литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”.
Според програмата, денот ќе започне со Утрена богослужба во 7:30 часот, по што ќе следи пречек на високи црковни достоинственици Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, Митрополитот Г.Георгиј Дебарско-кичевски и Митриполитот Г. Јосиф Тетовско-гостиварски и одржување на Архиерејската литургија со почеток во 9:00 часот.

Повелете сите да земеме што побројно и порадосно учество и торжествено да го прославиме патронот на нашиот град – Струга, нашиот небесен покровител, Св. Вмч. Георгиј Победоносец!, велат од храмот Свети Георгиј во Струга.
По завршување на познатата струшка литија, ќе следува културно-уметничката програма во дворот на храмот.
Н.С.Ј.













