Со натпреварите помеѓу Ливерпул – Манчестер Сити и Барселона на Енфилд односно на Ноу Камп ќе се комплетира првата фаза од четвртфиналето во Лигата на Шампиони.
Англиската пресметка е далеку поинтересна од дуелот помеѓу Барселона и Рома. Манчестер Сити кој е лидер на табелата во Премиер лигата има еден пораз оваа сезона и тоа од Ливерпул на Енфилд. Затоа оваа пресметка е интересна од повеќе аспекти.
Јирген Клоп најави дека нема да менува ништо тактички во однос на дуелот со Сити и ќе го задржи офанзивниот стил на игра. „Граѓаните“ предводени од Пеп Гвардиола со „тика така“ ќе пробат да го смират Ливерпул и фантастичната атмосфера на стадинот.
Италијанскиот калчолигаш Рома и покрај фаворитската улога на Барселона не се предава пред време. Каталонците заедно со Реал Мадрид се помеѓу тесните фаворити за титулата, но „волчицата“ барем според најавите на тренерот и играчите имаат што да кажат на двата четвртфинални дуели.
Мечевите се играат во стандарниот термин од 20 часот и 45 минути.
OhridNews