Осминафиналните натпревари во најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампионите продолжуваат со првите дуели помеѓу Баерн Минхен – Бешикташ односно Челси – Барселона.
Во фокусот од овие два мечеви ќе биде пресметката на Стемфорд Бриџ помеѓу англискиот шампион и актуелниот лидер на табелата во Шпанија. Двете екипи имаат богато и бурно минато што ја прави оваа пресметка поинтересна и повозбудлива.
– Знаеме дека играме против една од најдобрите екипи во Европа и фаворит за освојување на трофејот во ЛШ, но исто така сме горди што ќе имаме можност да се судриме со нив и да видиме до каде се нашите можности. Нам ни преостанува да одиграме перфектен меч без грешка, бидејќи само така ќе имаме шанса да победиме. – изјави менаџерот на „сините“, Антонио Конте.
Барселона која сезонава игра маестрален фудбалер е фаворит во двомечот со Челси според обложувалниците. Но, не секогаш во ЛШ победуваат и поминуваат понатаму фаворитите.
– Дуелот ќе биде многу интензивен и мислам дека во голема мера ќе биде решен од битката во средината на теренот. Тие играат со тројца играчи од средниот ред пред одбраната и двајца фудбалери кои дејствуваат слободно и ја организираат играта на тимот. Во предниот дел тие играат со напаѓач и Азар. – анализираше Серхио Бускетс.
Во преостанатиот меч од вечерашната програма „баварците“ на домашен терен ќе ги започнат мечевите од нокаут фазата. Бешикташ заврши како првопласиран во групата, но немаше среќа во ждрепката и го доби Баерн Минхен кој секоја сезона атакува на висок пласман.
Двојки: Баерн Минхен – Бешикташ, Челси – Барселона
OhridNews