Доминацијата на унгарскиот состав Ѓер во женскиот ракомет продолжува. „Зелено белите“ триумфираа на завршниот турнир во Будимпешта и ја освоија третата титула во серија а петта во клупската историја.
Во финалето од фајнлфор турнирот, ракометарките на Ѓер ја совладаа екипата на Ростов Дон со 25-24, полувреме (15-11) по голема драма во последните две минути. Ѓер влезе со 25-22 предност во финишот, но ракометарките на Ростов Дон не се предадоа, прво намалија на 25-24, а во последните секунди не успеаја да реализираат погодок за реми и продолжение.
Бронзениот медал од завршниот турнир му припадна на тимот на Кристијанштад кој со 31-30 славеше против Мец во малото финале.
OhridNews