Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе имаат далеку полесни задачи пред своите гледачи во реванш мечевите во 1/4 финалето од Лигата Шампиони, откако на гостински терен ги совладаа Јувентус (3-0) односно Севиља 2-1.

„Кралевите“ на крилата од Кристијано Роналдо кој постигна два погодоци и за третиот асистираше се прошетаа низ Торино. Роналдо магичната ноќ за Реал Мадрид ја најави со голот во 3-та минута, а во 64-та со маестрален погодок зголеми на 2-0. Две минути подоцна Дибала поради втор жолт картон, заработи црвен, а играчкиот суфицит шпанците го искористија преку Марсело кој погоди за конечни 3-0.

Фудбалерите на Баерн Минхен и покажаа на Севиља кој е кој во Европа со победата на „Санчез Писхуан“ (2-1) во првиот меч од 1/4 финалето. „Баварците“ уште по 90-ет минути им ги урнаа надежите на шпанците за нова сензација, откако во 1/8 финалето го елиминираа Манчестер Јунајтед. Севиља добро го отвори мечот и поведе, но германците успеаја да го свртат резултатот и да го најават пласманот во ТОП 4. 

Реванш мечевите на програмата се следната недела во среда.

OhridNews

Погодок на Роналдо каков ретко се гледа во ЛШ (видео)