Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар имаа викенд за заборав во Лигата на Шампиони, откако двете екипи изгубија од своите ривали кои доаѓаа од Франција. „Вардарки“ пораз претрпеа од Mец, додека „црвено црните“ оружјето го положија пред тимот на Нант.

Мала утеха за Вардар е голот на колото на Андреа Лекиќ, која погоди на нејзин препознатлив начин со шрауба, додека Амандин Лејно ги задржа своите перформанси и една нејзина одбрана се најде помеѓу најдобрите пет во изборот на ЛШ. Избраниците на Раул Гонзалес не обезбедија свое место во изборот на најдобрите.

Голот на Лекиќ можете да го погледнете тука, а одбраната на Лејно тука.

OhridNews