Без голови и без победник заврши дуелот помеѓу Севиља – Манчестер Јунајтед, додека Шахјтор Доњецк со пресврт ја совлада Рома (2-1) и обезбеди минимална предност во пресрет на реванш мечевите од осминафиналето.

Херој во ремито без голови на „црвените ѓаволи“ во Шпанија беше шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа кој одбрани пет чисти прилики за погодок на домашните фудбалери. Манчестер Јунајтед на реванш мечот на Олд Трафорд ќе мора да атакува на победа за пласман во ТОП 8, а на Севиља и одговара реми со постигнат погодок.

Фудбалерите на Шахјтор Доњецк со головите на Факундо Переира и Фред во второто полувреме ја надополнија негативата од првиот дел. Стрелец на водечкиот погодок за Рома беше Џенгис Ундер во 41-та минута.

Со овие два мечеви се комплетираше првата фаза од осминафиналната етапа и од следната недела започнуваат реванш мечевите.

OhridNews