Англискиот премиерлигаш Ливерпул приреди вистински подвиг со победата над Барселона (4-0) и пласманот во големото финале во Мадрид од Лигата на Шампиони. Каталонците кои допатуваа со залиха од 3-0 делуваа изгубено во Ливерпул, а избраниците на Јирген Клоп маестрално ја искористија секоја прилика.
Барселона втора година по ред испаѓа од ЛШ со прокоцкување на три погодоци предност. Минатата сезона Барселона во двомечот со Рома испушти 4-1, откако на Олимпико изгуби 3-0, а оваа сезона Ливерпул беше тимот кој надополни три голови негатива.
- Треба да им се извиниме на навивачите. Тие заслужуваат извинување, бидејќи веруваа во нас, а ние ги изневервиме. Втор пат ни се случува истиот пропуст. Не е дозволиво ова. Ситуацијата за четвртиот погодок не сакам да ја коментирам. Деца кои играат на улица подобро ќе изреагират од нас и затоа не треба да се коментира што точно се случи. – изјави Луис Суарез.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не штедеше зборови за своите фудбалери. „Црвените“ одиграа во еден здив и заслужуваат само честитки.
– Овој натпревар беше премногу и за мене. Игравме против најдобриот тим на светот. Самата победа е тешка, а пласманот во финалето е голем успех. Незнам како успеавме, ова е неверојатно. Ги гледав како плачат играчите после завршување на мечот и тоа најмногу говори за каков напор станува збор. – рече Клоп.
Германецот за фамозниот корнер на Арнолд по кој Ориги го постигна четвртиот погодок и ги отвори вратите за пласман во финалето изјави дека не било тренирано или пак потенцирано. – Барселона може да предвиди работи кои се случуваат секојдневно во фудбалот. Моравме да бидеме дрски во некои моменти, а искрено не забележав што се случи околу корнерот само ја видов топкава го голот.
Во финалето, Ливерпул ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Ајакс и Тотенхем. Првиот меч одигран во Лондон заврши во корист на холанѓаните 1-0.
OhridNews
Ноќ за историја на Енфилд: Ливерпул прв патник во Мадрид (видео)