Минималната победа на ЖРК Вардар на гостувањето во Данска на македонскиот шампион широко му ги отвори вратите за ново учество на Ф4, а на ракометарките им донесе неколку индивидуални признанија.
Помеѓу трите ракометарки кои ја одбележаа првата рунда во четвртфиналните мечеви е Драгана Цвијиќ. Таа со осум погодоци беше најефикасна и најдобра во тимот на Вардар. Помеѓу трите ѕвезди имаше место за Кристина Неагу (ЧСМ Букурешт) и Едуарда Аморим од тимот на Ѓер.
Ина Суслина комплетно ја замени Амајдин Лејно која немаше свој ден против тимот на Митјиланд. Една од одбраните на русинската го зазеде првото место во изборот на ТОП 5.
Цепелинот во режија на Александра Лакребре и Андреа Лекиќ се најде на 4-та позиција во изборот на петте најубави голови.
„Вардарки“ во реваншот во Скопје ќе имаат задача да ја задржат предноста и да го заверат петотто учество помеѓу најдобрите екипи на стариот континент.
OhridNews