Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на „Охридско лето“
21.07.25 14:08
Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.
Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот на препознатливите звуци на тангото но и ги награди уметниците со долги аплаузи и стоечки овации.
Русанда, свирејќи на ретка виолина од 1610 година, донесе фузија на класична, филмска и фолклорна музика, воодушевувајќи ја публиката со својот проект Панфили и пријателите.
Русанда Панфили од Молдавија е светски позната виолинистка, композиторка и аранжерка со исклучителен музички талент. Таа исполнува различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк спектар на музика за филмови од легендарните композитори, како Мориконе, Вилијамс, Зимер и Депла.
ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт е основан во 2022 година во Скопје и е кофинансиран од проектот ФАМЕ`C, ЕУ (Креативна Европа) и Министерството за култура на РСМ. Програмата на Институтот е дизајнирана да ги подобри уметничките и индивидуалните вештини на младите талентирани класични музичари од Европа со отворање нови иновативни перспективи во обуката, професионализацијата и можностите за изведба преку иновативна оркестарска музичка програма.
Програмата става акцент на разновиден музички репертоар, овозможувајќи им на студентите да истражуваат широк спектар на жанрови: класична, филмска и музика од видеоигри, џез, модерна, современа и традиционална оркестарска музика. Целта е да се прошират нивните хоризонти и да им се овозможи осознавање нови вештини и музички стилови, надминувајќи ги традиционалните образовни практики.
Вчера попладне во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ...
Македонскиот туризам денес изгледа значително поинаку отколку на почетокот на независноста Домашните гости, кои доминираа во првите години, постепено го отстапија приматот на странските туристи, чи...
Денеска ќе преовладува променливо облачно и топло со сончеви периоди Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Максима...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.