Несреќата се случила вчера во 15:15 часот. Според СВР Охрид, на бул.„Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од 41-годишен охриѓанец.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.
Лицето беше донесено во нашата болница со тешко повреди на вратот, мускулоскелетни и лезии на поголеми крвни садови и обилно крварење. Примарно повредите му беа санирани кај нас по што, заради сериозноста на повредите на васкуларната повреда на вертебрална артерија, пациентот е пренесен на Клиниката за тораковаскуларна хирургија во Скопје каде е опериран и постоперативно бил стабилен, изјави за Охридњуз директорот на Специјализираната болница „Св. Еразмо“, Харалампие Шокаровски.
По наредба јавен обвинител, извршен е увид од екипа на СВР Охрид, а истрагата трба да ги утврди околностите кои ја предизвикале несреќата.
Во друг случај, вчера, во 16:50 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 47-годишно лице од Охрид, затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани кон минувачите на улицата.
По извршени проверки било констатирано дека има 2,38 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Охрид.
OhridNews














