Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена. Исто така во два дена играме два натпревари. Се надеваме дека на првиот натпревар можеме да направиме голема разлика, за да продолжиме и да одиграме лесен натпревар во недела, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Доминик Мате пред двомечот со Драгунас Клаипеда.

Тимот на Драгунас Клаипеда игра навистина добро. Го помина првото коло, па очекуваме тежок меч и ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да победиме на двата натпревари. Се надеваме дека ќе дојдат голем број навивачи на натпреварите, додаде Мате.

Натпреварите се играат утре и задутре, 21 и 22 ноември, во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот.

OhridNews