Младата музичка надеж, пијанистот Владимир Србиноски, го заокружува своето средно музичко образование со својот солистички матурски концерт. На програмата ќе бидат изведени безвременски дела од класичната музичка ризница.
Ве покануваме да бидете дел од една посебна музичка вечер каде звуците на пијаното ќе ја раскажат приказната за долгогодишниот труд, талентот и посветеноста. Вашето присуство ќе го збогати овој извонредно важен настан и ќе му даде дополнителен мотив на Владимир на патот кон новите музички успеси, велат од ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга.
Воедно информираат дека гостин на концертот ќе биде виолинистот Виктор Србиноски.
Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ во Охрид на 25 мај со почеток во 19 часот, а влезот е бесплатен.
OhridNews














