Повеќе од 20 сандаци со пчелни семејства на три фамилии се уништени деновиве од мечка во охридското селото Речица. Според жителите во селото мечката веќе неколку дена се движи околу нивните имоти предизвикувајќи големи штети. Посочуваат дека загубите на мед и на пчелни семејства се големи.
Апелираат до надлежните согласно можностите да преземат мерки да не претрпи штета уште некој од жителите кои одгледуваат пчели. Воедно посочуваат дека истата сеуште се движи во регион и упатуваат предупредување за внимателност од страна на жителите.
Инаку, мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.
Н.С.Ј.















