Механизацијата на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе се префрла во дел од просториите на поранешната касарна. Одлуката за отстапување на користење недвижен имот-објекти на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид беше изгласана на вчерашната одржана деветта седница на Совет. Воедно, беше посочено дека во простории од поранешната касарна предвидено е и префрлање на охридската пожарна и полиција, на чии сегашни локации предвиено е изградба на градски парк со подземен паркинг.

Сметам дека доколку таму се стационира оваа механизација нема да биде безбедна во однос на сообраќај, ќе ја загадува околината. Тука ќе биде и адреналинскиот парк и од тие причини сметам дека улиците коишто сега ќе се асфалтираат, се надеваме за брзо ќе завршат и ќе бидат нови, не им е местото по нив да оди ваква механизација од причина што навистина сега касарната веќе добива еден лик од пред пет, шест години и на вакви локации каде што има посебно деца и млади, не им е местото тука да бидат стационирани и оттука да одат после понатаму, посочи Неданоска.

Тоа се објекти кои што треба да се реконструираат, а и претходно се користеле како некој сервис. Таму имаа постоечки, сега тие се руинирани објекти, меѓутоа објекти со канали за сервис… Значи сепак се многу далеку физички одделени од училиштето, адреналинскиот парк и голф терените. Покрај ЈП „Охридски Комуналец“ во иднина планираме во овој дел да биде пренесена и Охридската пожарна. Со оглед на тоа што веќе МВР работи проект за реконструкција на првата зграда ќе се префрла целосно таму. За затворот мислам дека и таму веќе почната е постапка, бараат локација за префрлање и како што се најави пред неколку, мислам дека две години, тука ќе дојде до рушење на тие стари објекти, вклучувајќи ја и пожарната. И она што е наш план како локална самоуправа во иднина е да биде нов градски парк со подземен паркинг, рече Китески.
Посочи дека во оваа насока ќе се носат и измени на деталниот урбанистички план.
Значи таму планираме да имаме измена на деталниот урбанистички план, каде што ќе имаме градски парк со подземна катна гаража. Ова што го даваме како локација на ЈП „Охридски Комуналец“ најпрво е и од причина што мора да се иселат од постоечкото место каде што се сега, механизацијата значи мора да оди во овој дел, додаде Китески.
Н.С.Ј.













