Претстојат сериозни глобални предизвици но македонската економија се движи кон состојба на консолидирање. Мнозинството странски компании во земјата би сакале да реинвестираат во Македонија, а најавените законски измени ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на националната економија. Ова меѓу другото, било заклучено на средбата помеѓу премиерот на Владата Христијан Мицкоски и претставници на Стопанската комора, што ја иницираше Советот на странски инвеститори во Македонија со кој раководи Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“.
Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици, ценам дека македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, се разбира предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат но ние се обидуваме да ги антиципираме и преку антиципирање да наоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, а се разбира со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати и т.н.. – истакна по средбата премиерот Мицксоски.
На средбата станало збор за актуелните состојби и законски измени кои ја тангираат македонската економија, вклучително и најавеното намалување за 50 отсто на царинските стапки што се очекува од 1 јули годинава.
Педесет и пет проценти од компаниите дадода афирмативна одлука за реинвестирање во државата што е зголемување за 13 процентни поени од анкетата во 2024 година. Разговаравме и за останатите отворени прашања како дополнителното намалување за 50 отсто на царинските стапки што ќе се направи од 1 јули годинава, а тоа значи дека ќе имаме целосна хармонизација и поголема конкурентност на нашето производство тука и на исто ниво со конкурентноста во земјите на ЕУ, истакна Виктор Мизо.
Што се однесува до минималната плата, Мизо посочи дека освен законски дефинираните регулативи како основа треба да се земе предвид и продуктивноста.
Да не биде ад-хок зголемување само заради потребите кои не соодветствуваат на конкурентноста на државата“, додаде Мизо.
OhridNews
Фото: Влада.мк















