Првата кошаркарска лига во Македонија и следната сезона ќе брои 12-ет екипи, откако Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го одби предлогот на Кошаркарскиот клуб Шкупи за проширување.

МКФ годинава ја прошири лигата за дополнителни две екипи и од 10 ја направи со 12 учесници, а евентуално зголемување ќе биде преголем залак со оглед на немањето доволен играчки кадар за пополнување на 14-ет екипи.

Следната сезона ќе се играат според истиот како и оваа. Првата половина од табелата ќе учествува во Супер лигата, додека втората половина во плејаутот.

Охридските кошаркари во петок со почеток во 13 часот на гостувањето кај Карпош Соколи со победа ќе го потврдат дебитанското учество во Супер лигата.

OhridNews